Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, ја осудува заканата врз претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
„Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци“, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Поповски.
На Селмани му се заканил братот на функционерот на ДУИ, Беќир Асани, откако претседателот на ЗНМ на Фејсбук го критикуваше нападот на Асани врз полицајка.