Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на синоќешниот неформален состанок на Владата ги претставил клучните аспекти од нацрт-договорот за името. Коѕијас, како што јавува „Иефмерида“, ги презентирал и новите елементи кои биле додадени во нацрт-документот. Коѕијас се очекува да дојде во посета на Скопје со цел да го достави нацрт-договорот на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Еден од потпретседателите на грчкиот Парламент и пратеник од Независни Грци, Димитрис Каменос порача дека нема да се постигне решение на проблемот со името. Тој во изјава за грчката телевизија Скај истакна дека кај македонската страна нема подготвеност за промена на работите кои Грција ги смета за неопходни, како Уставот со цел решавање на прашањето.