Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, денеска во Скопје потпишаа договор со кој ќе се реши проблемот со брашното меѓу двете земји.
Согласно договорот, за брашното од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија.
Николовски по средбата најави дека Македонија и Србија ќе формираат комитет за натамошна соработка и за надминување на сите отворени прашања. Љајиќ изрази очекување дека за еден месец двете земји на системски начин ќе го решат прашањето. Македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договорот, ќе биде сменет уште денеска.