Форбс: Се зголемува разликата меѓу богатите и супер богатите

Сопственикот на Амазон, Џеф Безос е на врвот на годинешната Форбсова листа на милјардери со богатство во вредност од 122 милјарди долари. По него следуваат Бил Гејтс со 90 милјарди и Ворен Бафет со 84 милјарди долари. Следни на листата се и сопственикот на најпознатите модни брендови Бернард Арнаулт и на Фејсбук, Марк Цукерберг. Меѓу десетте најбогати се и браќата Чарлс и Дејвид Коч, американски богаташи кои се познати како главни финансиери на екстремно десни и конзервативни струи во САД, кој за годинашниве ноемвриски избори во Конгресот за конзервативните кандидати издвоиле помеѓу 400 и 500 милиони долари. Годинешнава листа на Форбс покажа дека разликата помеѓу супер богатите и богатите драстично се зголемува од година во година. Има 2208 милјардери кои вкупно вредат преку девет илјади милјарди долари, односно 18 проценти повеќе од колку што вределе минатата година.