Манчевски најави прераспределба на вработените по Рамковен договор

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски најави денеска дека во наредните недели ќе започне процесот за прераспределба на вработените по Рамковен договор кои биле распоредени на работни места, но седеле дома.

Тој порача дека е оптимист и дека позитивно ќе го решат проблемот. Според него, направена е анализа на вработените и кои се нивните професионални искуства и образование, а во предвид ќе се земат и потребите на институциите.