Судот денеска ја прифати како доказ снимката објавена на Јутјуб во случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев за примање на мито. Судијата Дарко Тодоровски го одби барањето на одбраната на Заев да бидат отфрлени ПИ-мерките и посочи дека снимката била прибавена на законит начин и може да се користи како доказ во случајот.
По неколку одложувања, започна судењето за „Поткуп“ во кое Заев се товари дека барал околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.