Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос изјави дека уставното име на Македонија треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес. Тој за грчката државна телевизија ЕРТ посочи дека тоа е потребно, бидејќи во иднина Уставниот суд на Македонија може да донесе одлука дека премиерот Зоран Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор.
Ѕанакопулос истакна дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР.