Премиерот Зоран Заев најави дека шефот на грчката дипломатија, Никос Коцијас треба да пристигне во посета на Скопје во втората половина на март. Новата рунда во преговорите под раководство на медијаторот Метју Нимиц, според него, се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април.
Заев по синоќешната средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека очекува Коѕијас во Скопје да ја презентира грчката нацрт-верзија за решавање на спорот за името.