Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, денеска попладне ќе се одржи протест на плоштадот „Македонија“, во Скопје. Во исто време ќе има протести на Македонци од дијаспората и тоа во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка.
На собирот, како што велат организаторите, ќе биде изразено незадоволство од политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ. Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од локации ширум светот, а организираат бесплатен превоз до Скопје од другите градови.