Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти оти смета дека е исполнето битието на кривичното дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” согласно изјавата на полицајката дека таа била вербално нападната додека ја вршела својата должност на проверка и контрола на неправилно паркирани возила меѓу кои било и возилото на напаѓачот, Бекир Асани кој е функционер на ДУИ, велат од Хелсиншкиот комитет.
„Во никој случај не може само физичкиот напад да се смета за исполнување на битието на делото, бидејќи самата одредба од Кривичниот законик потврдува дека за напад се смета и заканата, малтретирањето и навредата. Останува прашањето зошто МВР нема поднесено кривична пријава против лицето Бекир Асан за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” од член 383 од Кривичниот законик, имајќи предвид дека исполнето е битието на ова кривично дело“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.