Пентагон: тврдењата на Путин за ново атомско оружје не се изненадување

анимација на новото нуклеарно оружје што го претстави рускиот претседател Владимир Путин

Американското Министерство за одбрана соопшти дека не е изненадено од тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин за ново атомско оружје, додавајќи дека војската на САД е подготвена на одбрана. Претходно Путин во годишното обраќање до нацијата претстави нови вискотехнолошки видови атомско оружје, за кои рече дека не „се блеф“ и оти претставуваат одговор на излегувањето на САД од спогодбата за противракетна одбрана. Официјален Вешингтон неколку пати повтори дека американските системи за ракетна одбрана не се распоредени во Европа поради Москва, туку за одбрана од Иран и Северна Кореја.