Демократската Унија за Интеграција излезе со соопштение во кое се наведува дека назначувањето на Лазар Еленовски како специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од ДУИ.
Лазар Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македониј, се вели во соопштението.
До соопштението на ДУИ доаѓа откако назначување на Лазар Еленовски за специјален владин пратеник за НАТО-интеграции во Брисел предизвика реакциите во јавноста во врска со неговата политичка биографија, затоа што две години беше министер во владата на тогашниот премиер Никола Груевски, а потоа и нејзин амбасадор во Белгија