Еленовски избран за претставник за НАТО поради искуството

Портпарол на Влада на Македонија, Миле Бошњаковски

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска изјави дека Лазар Еленовски е избран за специјален претставник за НАТО интеграции во Брисел, поради неговото искуство во оваа област. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој истакна дека Владата смета оти Еленовски, врз основа на искуството ќе придонесе во интегративниот процес на Македонија во НАТО.

За отповикувањето на неколку почесни конзули на Македонија, Бошњаковски посочи дека одлуката била донесена поради нивната неактивност.