Џафери очекува да се најде решение за амандманите за Законот за јазици

Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува во наредните денови да се најде решение за амандманите поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците.

„Комуницирам со претставници на пратеничките групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение“, рече Џафери.

Тој на денешната средба со новинарите во Собранието, порача дека целта е да се избегне блокада на Собранието.