Вајгл и Кукан побараа соработка меѓу власта и опозицијата

Архивска фотографија-Европратениците Иво Вајлг и Едуард Кукан

Европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан денеска на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите од процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа, која се одржа во Скопје, побараа од власта и опозицијата да работат заедно.

„Опозицијата е дел од нормалниот парламентарен систем и силна опозиција, бројчано силна опозиција, може да има свој удел во одговорноста и мора да преземе дел од одговорноста“ рече Вајгл.

Неговиот колега Кукан, пак, рече дека се надева оти со добра волја ќе има подобрување на билатералните односи во регионалната соработка.

„Таа е важна за идното функционирање на проширената Европска Унија и не помалку важно е и функционирањето на парламентарната демократија, која треба да биде суштина на сите идни членки на ЕУ“ рече Кукан.

Европратениците зборуваа во рамките на првата сесија „Европската перспектива на Западен Балкан“ на конференцијата што се одржа во македонското собрание.