Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска изјави дека САД и Европа и помогнале на Македонија да излезе од длабока политичка криза. Тој на конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ-КОСАП во Скопје порача и дека за Македонија докрај да ги истурка реформите потребно е поддршката од 75 отсто за влез во ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја.
Бејли смета дека владеењето на правото е еден од најголемите предизвици со кои се соочува земјата, а судовите треба да внимаваат на транспарентноста. Тој го посочи и случајот кога јавен обвинител учествувал во донесување одлука што се однесувала на член на семејството на друг член на Советот на обвинители, што според него, се чини дека станува збор за конфликт на интереси.