Одложено судењето за „Поткуп“ по барање на одбраната

Премиерот Зоран Заев

Судењето за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 6 март по барање на одбраната. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Заев придружуван од владина делегација денеска во Лондон ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции.