Илјадници граѓани протестираа во неколку градови во Романија барајќи оставка на министерот за правда Тудорел Тоадер поради неговото барање за смена на главната обвинителка за корупција. Некои од демонстрантите пред владата во Букурешт носеа кукли на познати политичари во затворски униформи. Тоадер во четвртокот побара сменување на Лаура Кодрите Ковеши, главна обвинителка на Државниот антикорупциски директорат на Романија. Тој наведе дека постоела сериозна загриженост поради начинот на кој таа ја извршувала работата. Демонстрантите изразија загриженост дека е во опасност борбата против корупцијата што ја води главната обвинителка.