Коѕијас: Грчката Нацрт спогодба е подготвена

Министерот за надворешни работи на Македонија Никос Коѕијас.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за првата програма на грчкото државно радио, денеска изјави дека грчката нацрт спогодба е завршена и доставена до грчкото МНР, а според неговите претпоставки во март спогодбата ќе биде испратена во Скопје, пред неговата посета. Коѕијас рече дека патувањето во Скопје, сака да го одбележи со мал, симболичен настан.

" Размислувавме дека можеби би било добро, на некој начин, да направиме еден мал, симболичен настан за да го потенцираме фактот дека се менува текот на работите. Наместо да имаме ескалација на националистички „напади“ со симболи против Грција, имаме ограничување и отстранување на иредентистичките симболи што го преплавија Скопје, рече Коѕијас, кој во однос на содржината на Нацрт-спогодбата повтори дека е содржано името и изведените зборови, но не каже дали станува збор за предлогот Горна Македонија, исто како што не каже колку имиња се предложени од грчка страна.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Грчкиот информативен портал Иефимерида, вчера објави дека е подготвена грчката Нацрт спогодбата, која има околу 20 страници и се наоѓа во рацете на премиерот Алексис Ципрас и оти не ги содржи само грчките позиции, туку ги зема предвид и позициите на другата страна.