Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на актерот и учесник на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски кој од затворот во Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор. Судот ги отфрли жалбите на останатите осомничени за насилството во Собранието на 27 април.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски кој се жалеше на нарушена здравствена состојба останува во притвор во затворот во Шуто Оризари, додека неговиот колега Љупчо Димовски останува во домашен притвор. Судот на денешната јавна седница ја одби жалбата и на Мунир Пепиќ од агенцијата за разузнавање.