Рускиот опозициски политичар Навални накратко уапсен во Москва

Русија: Објава на инстаграм на рускиот опозициски политичар Навални Russia дека е уапсен во Москва. 22.02.2018

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални вели дека накратко бил уапсен од страна на полицијата во Москва и обвинет за административен престап кој може да резултира со казна затвор од 30 дена.

Навални и негиовиот сојузник Леонид Волков денеска одделно биле уапсени, на неколку недели пред одржувањето на претседателските избори во земјата, на кои на Навални му е забрането да се кандидира.

Навални денеска на Твитер напиша дека полицијата пристапила кон него додека излегувал од стоматолошка ординација и му соопштила дека е уапсен.

Тој вели дека некаде бил одведен, но оти не знае каде. Навални е критичар на рускиот претседател Владимир Путин, а организираше протести и објави извештаи во врска со корупција на владејачката елита во Русија. Исто така му беше забрането да се кандидира на претседателските избори на 18 март поради пресуди за обвиненија за кои тој вели дека се политички мотивирани.

Тој беше апсен повеќе пати и служеше кратки затворски казни за организирање неовластени протести и други наводни прекршоци.