Движењето Еко Герила од Тетово денеска најави дека ќе покрене постапка за правна одговорност од страна на Југохром за загадувањето што со години го вршело во Полог и Полошко.
Граѓаните од Полог и Полошко да иницираат правна одговорност од преставниците на Југохром, а за кои движењето ќе пружи и бесплатна правна помош, рече на денешната прес-конференција, Арианит Џафери од Еко Герила одржана заедно со движењето Мајка и Дете од Тетово.
Како застрашувачки доказ tie го наведоа бројот на заболени деца на возраст до шест години со проблеми со дишењето, каде разликата е речиси двојно помала.
Оттаму наведуваат дека во 2015 година, кога Југохром работеше оваа бројката изнесувала 31.446 случаи, додека во 2017 година кога не работел се намалила на 18.578 случаи.
„Сега почнуваме со нова мисија, правна, за граѓаните чие што здравје е оштетено од страна на екоцид, предизвикан од оваа фабрика. Во соработка со адвокати, правници и експерти за заштита на животната средина ќе им помогнеме на сите оштетени граѓани со тужби за да ја надоместат предизвикана штетата. Исто така ќе поднесеме кривична пријава до обвинителот за оние кои ја дозволија и предизвикаа оваа бавна смрт на граѓаните на Тетово и пошироко“, рече Џафери.