Апелацискиот суд ги прифати жалбите на пратеникот Љубен Арнаудов и на организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски кои се осомничени за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, со што им ја преиначи мерката притвор во домашен притвор.
Како мерка на претпазливост на тројцата ќе им бидат одземени пасошите. Апелацискиот суд им определи куќен притвор и одземање на пасошот и на Јане Ченто, Иван Цветковски кој работел во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и Оливер Радулов од УБК.
По вчерашната јавна седница Апелациониот суд одлучи поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков да остане во притвор, Јохан Тарчуловски во домашен притвор, а отфрлени се жалбите на Горан Ангеловски, Илија Славевски и Вилијам Михајловски.