„Очекуваме конструктивна поддршка, помош и отворено лобирање за членство на Македонија во Алијансата од страна на нашите пријатели, земји-членки на НАТО, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по вчерашната средба во Анкара со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган. Поканата за членство, истакна Иванов, ќе биде дополнителен поттик за националните реформски процеси и ќе претставува позитивен пример во регионот. Турскиот претседател Ердоган ја повтори поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмираше и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.