Петмина поранешни членови на ДИК добија апанажа

Силвана Бонева - поранешен член на ДИК.

Петмина поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК) ќе добијат апанажа, одлучи на денешна седница собраниската Комисија за избори и именувања.

Поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски, членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ добија апанажа во траење од една година.

Останатите тројца членови Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Сашо Срцев кои поднесоа оставки не побарале апанажа, бидејќи се враќаат на претходните работни места.

Комисијата одлучи поранешната пратеничка на ЛДП Роза Топузовска Каревска да добие отпремнина од Собранието заради заминување во пензија.