Дачиќ: Изјавата на Рама е „вџашувачка“

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама и оцени дека ЕУ и западните земји ја „ставаат главата во песок“ пред, како што рече, големоалбанската политика. Изјавата на Рама за заеднички претседател на Албанија и на Косово за Дачиќ е „вџашувачка“. „Рама буквално рече дека Албанија и Косово се една држава со еден претседател, заедничка надворешна и безбедносна политика. И никој не го критикува“, истакна Дачиќ. Тој праша што би се случило доколку Белград рече дека Србија и Република Српска би требало да имаат ист претседател и заедничка надворешна политика. Во меѓувреме, портпаролката на Европската комисија Кетрин Реј рече дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи.