Новинарката Ивона Талевска доби условна казна од две години за случајот на СЈО „Тифани“ доколку во наредните четири години не го повтори делото и има обврска за една година да го плати данокот што претходно не го платила.
Таа во рок од една година треба да плати данок во вредност од над милион и 670 илјади денари, а во рок од 30 дена да плати казна од 1.000 евра. Рокот за жалбата е 15 дена.
Смарт групацијата треба да плати казна од 200 илјади денари во рок од 30 дена, а во рок од една година и данокот кој бил затаен и изнесува над милион денари. Талевска и Смарт треба да ги поделат судските трошоци од 2.000 денари и трошоците за вештачење од 76 илјади денари.
Обвинителката Елена Јосифовска рече дека е задоволна што Талевска го признала делото, но оти ќе почекаат да ја добијат пресудата за да решат дали ќе поднесат жалба.