Нов ревидиран закон за буџети до крајот на годинава, со кој буџетите ќе се планираат во среднорочна рамка и ќе се создадат услови за воведување фискален совет, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Тој посочи дека новиот закон за буџети ќе постави и услови за фискален совет во насока на водење одржлива фискална политика, зголемена буџетска дисциплина и одговорност, зголемен кредибилитет на макроекономската политика и правична и одржлива распределба на расходите помеѓу сегашните и идни генерации.
Програмата за реформа со управување со јавните финансии 2018-2021 е прва сеопфатна стратегија од областа на управување со јавните финансии.