СДСМ ја загрози безбедноста на граѓаните со амнестија на над 2.000 затвореници, меѓу кои има и осуденици за тешки кривични дела, соопшти ВМРО-ДПМНЕ наведувајќи дека дел од нив за неполни 24 часа повторно се вратиле на криминалот, а жртви биле невини граѓани.
„Нападнати се жени и мажи, разбојништва и кражби се вршени врз млади и врз стари. Жртвите се множат, а МВР не успева да ги заштити граѓаните,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат оти предупредувале во предизборната кампања дека СДСМ прави предизборна коалиција со криминалните структури во државата и дека партијата ќе мора да им се оддолжи за поддршката за локалните и предвремените парламентарни избори.