Сенатот на САД го одби законот за имиграција

Вашингтон

Американскиот Сенат го одби законот за имиграција што го предложи претседателот Доналд Трамп. Тоа е четврти одбиен предлог закон на таа тема. Претседателот Трамп како отстапка на демократите ја предложи можноста имигрантите кои во САД стигнале како деца да добијат државјанство за 10 до 12 години. За возврат побара 25 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико и други мерки за гранична безбедност. Демократите, но и повеќе републиканци се против изградбата на таков ѕид.