Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека петмина Руси кои не биле воени лица, можеби биле убиени во судир со силите предводени од САД во Сирија, минатата недела.
Од Министерството велат дека извештаите за десетици или стотици руски жртви во Сирија се „дезинформации“. Денешната изјавата на портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, е првпат кога руски власти признаваат дека руски граѓани можеби се убиени во инцидентoт што се случил во сириската провинција Деир ал-Зор на 7 февруари. Захарава рече дека може да се зборува за смрт на пет луѓе, најверојатно руски државјани, кои загинале во вооружена конфронтација, а причините сè уште се испитуваат.
Руски платеници се борат заедно со сириските владини сили. Изминатите денови во новински извештаи, а и во изјави на роднини и колеги на руските платеници се лиферуваа бројки за десетици, а можеби и повеќе загинати Руси во престрелките на 7 февруари.