Ерјевац: Словенија ќе ја тужи Хрватска пред судот на ЕУ

Пиранскиот Залив - контроверзниот граничен спор меѓу Словенија и Хрватска.

Словенија ќе ја тужи Хрватска во Судот на правдата на ЕУ во Луксембург за непочитување на арбитражната одлука, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјевец наведувајќи дека извршувањето на пресудата за границата со Хрватска е правно, а на политичко прашање како што изјави Жан-Клод Јункер.

„Не се работи за политичко прашање, како што сака да прикаже Јункер, туку за прашање на правото, рече Ерјавец во реакција на изјавата на Јункер.

Зборувајќи за прашањето за границата меѓу Хрватска и Словенија претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека во спорот Комисијата не вели дека е во право едната или другата страна, туку оти е тука „да помогне.“

Хрватскиот премиер Пленковиќ повтори дека не е реална опцијата Хрватска да ја прифати арбитражната пресуда, туку дека е реално да се разговара како да се постигне договор кој ќе биде взаемно прифатлив и за Хрватска и за Словенија потсетувајќи дека Хрватска на словенечката страна веќе и претставила некои идеи и оти тоа е „одлична основа за договор“.