На донаторската конференција што вчера заврши во Кувајт беше ветена помош од 30 милијарди долари за обнова на Ирак. Станува збор за помала сума од онаа на која се надеваа ирачките власти. Тие сметаа дека на конференцијата ќе биде ветена поддршка од 88 милијарди долари. „Се надевавме на повеќе. Не сме разочарани, но износот беше помал од очекуваното“, изјави ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари кој додаде дека парите ќе му помогнат на Багдад да почне реконструкција по неколкугодишната војна.