Мирошич: Македонија да ги оствари реформите на кои се обврзала
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Од Македонија зависи кое име ќе го користи Словенија во билатералните односи доколку земјава во иднина го реши спорот за името со Грција, вели во разговор за Радио Слободна Европа, државниот секретар во словенечкото министерство за надворешни работи Изток Мирошич. Според него, ЕУ го препознала напорот на македонските власти во остварување на реформите на европскиот пат.