Согласност да се продолжат напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за името под покровителство на ОН, изразиле министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на средбата со медијаторот Метју Нимиц во Виена, соопштуваат од македонското МНР. Разговорите траеја повеќе од шест часа, по што од МНР само кусо соопштија дека на конструктивната средба се согласиле да продолжат напорите за изнаоѓање решение.
Ова е прв состанок од новата етапа на преговорите, кој сега се води на министерско ниво. За ваков начин на преговори се договорија премиерите на двете земји на средбата во Давос, минатиот месец.