Кривични пријави против директори на РЕК Битола за загадување

Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) Битола.

СВР Битола поднесе кривични пријави против неколку поранешни и актуелни директори на РЕК Битола и против АД ЕЛЕМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“, соопшти МВР.

Оттаму информираат дека кривични пријави се поднесени против (И.К.) и (Ј.К.) – поранешни директори на подружница РЕК Битола, против (О.З.) – директор на РЕК Битола и против (З.М.) и (С.А.) – раководители во подружница РЕК Битола поради постоење основи за сомнение сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „загадување на животната средина и природата.“

Исто така кривична пријава е поднесена против АД ЕЛЕМ Скопје поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата.

МВР соопшти дека во координација со Јавното обвинителство направени се проверки при што било констатирано дека физичките лица не се придржувале кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, пропуштиле да ги реконструираат постоечките или да постават нови филтри за прашина, дозволите преку работата пријавеното правно лице да пропушта штетни честички над 50 микрограми на метар кубен.