Јанкулоска изрази сомнеж во ообјективноста на вештачењата за „Тенк“

Архива: Горднана Јанкулоска пред Кривичниот суд.

На денешното рочиште за случајот на СЈО „Тенк“ во Кривичниот суд,поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите, рече дека кај неа постои сомнеж за објективноста на изработените две вештачења за набавениот „Мерцедес.“

„Ниту јас како обвинета, ниту моите бранители немавме можност да учествуваме со свои предлози и забелешки во вештачењето кое го нарачало СЈО“, изјави Јанколоска во однос на економско-финансиското вештачење и сообраќајно технички вештачења за набавка на „Мерцедесот.“

Таа истакна дека постои објективна оправданост и сомнеж во објективноста на вештачењата во однос на политичката кариера на вештакот Тале Герамитчиоски и управителот на компанијата која била ангажирана, бидејќи во тој период исполнувале високи политички функции како избрани или именувани лица на предлог на СДСМ, рече Јанкулоска.

Таа побара Судот да го земе предвид тој сомнеж, бидејќи како што рече, политичкиот ангажман на вештаците го загрозува принципот на еднаквост на оружјата.

Судијката Добрила Кацарска даде еден час пауза со цел Судечкиот совет да ги разгледа приговорите на адвокатите и да се произнесе по нив.