Јункер на 25 февруари во посета на Македонија

Архива: Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на 25 февруари ќе ја посети Република Македонија како прва земја од неговата турнеја на Западен Балкан во насока на презентација на Стратегијата на ЕУ за регионот, изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој презентираше анализа на пораките и содржините а Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан објавена пред два дена во Стразбур.

Тој вели дека Стратегијата ги исполнува сите очекувања на Македонија бидејќи се валоризираат успесите во однос на реформите и дека најавува подготвеност да се даде чиста препорака за отворање на преговорите од страна на ЕК.

Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата ќе биде соопштен на 17 април и очекува чиста деветта по ред препорака за отпочнување преговори.