Ние сме подготвени на географска одредница за името, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. Но во име на успехот на преговарачкиот процес со Грција за спорот со името, тој не сакаше да коментира повеќе. Затоа, вели Заев, се пристапува со доза на внимателност. Премиерот изјави дека на владина седница е донесена одлука автопатот кој води до Грција да се вика „Пријателство“, а аеродромот Александар Велики, да се преименува во Меѓународен аеродром Скопје. Заев вели дека е оптимист дека решение може да се најде
„Многу изгледа тешко, но не очекувавме да биде лесно, посветени сме во владата, јас министрите, може да се изнајде решени и за овој горлив проблем“, рече Заев.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Еуроњуз побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име.