Литванската претседателка Далија Грибаускајте изјави дека Русија за постојано распоредила во својата енклава Калининград проектили способни да носат нуклеарни боеви глави. Според неа, станува збор за распоредување на проектилите „Искандер“ кои, како што рече, се закана не само за Литванија, туку и за „половина европски земји“. Претседателот на Одборот на рускиот парламент за одбрана Владимир Шаманов, го потврди распоредувањето на ракетите, додавајќи дека тоа е одговор на зголемувањето на силите на НАТО во близина на границите на Русија. Проектилите „Исканедер“ се со дострел од 500 километри.