Меѓународната организација за миграции стравува дека најмалку 90 лица се мртви откако брод што превезувал мигранти бил преплавен во Средоземното Море. "Најмалку 90 имигранти се пријавени за удавени кога бродот се урнал покрај брегот на Либија “ се вели во изјавата на ИОМ . Според истите извори телата на 10 лица - осум Пакистанци и двајца Либијци биле пронајдени на брегот, двајца преживеани пливале до брегот, додека друг бил с спасен од рибарски брод, соопшти ИОМ. Според преживеаните, повеќето од мигрантите биле од Пакистан. Агенцијата постојано предупредува за екстремните опасности со кои се соочуваат мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа преку т.н. централен медитерански пат, кој ја поврзува Либија со Италија.