Судењето за предметот „Поткуп“ во кое е обвинет премиерот Зоран Заев денеска беше одложено за 26 февруари. Одложувањето е на барање на јавен обвинител кој во петокот го известил новиот судија Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на денешното рочиште.
Претходното рочиште исто така беше одложено бидејќи предметот не беше стигнат во Апелациониот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев која бара видео снимките од Посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“.
Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.