Нимиц од денеска во посета на Грција и Македонија

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во Скопје, 03.07.2017.

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во Скопје, 03.07.2017.

Посредникот на ОН во преговорите за спорот за името денеска и утре ќе престојува во посета на Атина, а следните два дена, на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Во пресрет на овие посети Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, оцени дека средбата на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас била позитивна и од историско значење. „Постои динамика за да дојдеме до решение на проблемот“, рече тој, забележувајќи дека во соработка со меѓународната заедница, а особено со Вашингтон, Брисел и Берлин, може да се постигне заемно прифатлив договор. „Двете земји имаат историска можност конечно да го надминат проблемот и таа треба да се искористи“, вели Нимиц.