Дурловски пуштен во куќен притвор, мерки за претпазливост за Пешевска

Изјави за медиумите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Игор Дурловски

На пратеничката Жаклина Пешевска и се укинува куќниот притвор и мерката се заменува со мерки за претпазливост, а на Игор Дурловски, еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија“ и на вработената во Собранието на Македонија, Елена Доцевска – Божиновска мерката притвор се заменува со куќен притвор, одлучи Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, соопштија од Судот.

Советот постапуваше по барањата на Обвинителството. Пешевска, Дурловски и Доцевска - Божиновска се дел од осомничените за упадот и насилствата во Собранието на 27 април, минатата година.

Советот исто така постапуваше по барање на Обвинителството и на други 21 осомничен за настаните во Собранието, им го продолжи притворот за 30 дена. А продолжена им е мерката и на тие што се во куќен притвор. Меѓу осомничените кои се во притвор, односно куќен притвор се и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и водачите на протестите „ За заедничка Македонија“.