Заев и Ципрас ќе се сретнат во Давос

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат во Давос, Швајцарија во рамките на барањето решение за долгогодишниот спор околу името. Портпаролот на грчката влада соопшти дека до средбата ќе дојде на 25 јануари на маргините на Светскиот економски форум во Давос. До ова доаѓа по последната рунда преговори со посредство на Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк на која беа изложени сугестии за решавање на спорот со името.