Владата на денешната 49. седница ги утврди насоките за работа на управниот комитет за зајакнување на изборните и политичките процеси и одлучи до 31 мај годинава да се изготви законот за субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби.
Како што соопшти владината прес-служба, усвоени се и повеќе програми од областа на социјалната политика, како и Програмата за обесштетување деца - жртви на насилство, поднесена од Министерството за правда.
На седницата помина и Информацијата за активностите за набавка на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар во јавните здравствени установи и ЈЗ Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо - Охрид.
Владата усвои и програми за субвенционирање на потрошувачката на енергија, за развој на дејноста за заштита на децата, за остварување социјалната заштита и за рефундирање средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со попреченост.