Македонските ракометари со вечерашниот натпревар против репрезентацијата на Шпанија во Вараждин ја започнуваат втората фаза од европското првенство.
Натпреварот се игра вечерва во 20:30. Македонија заврши непоразена по натпреварите во групата во Загреб.
Шпанија е фаворит, но вечерва ќе треба да се соочи со нивниот Раул Гонзалес, кој е селектор на македонската репрезентација.
Во 18:15, пак, се соочуваат Германија и Данска.