Димитров: Главен интерес е да го сочуваме идентитетот

министерот за надворешни работи Никола Димитров

„Ние имаме втора шанса да си направиме вистинска, средена држава. И мораме да направиме се што можеме оваа втора шанса да ја искористиме“. Ова синоќа го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју во Анализа 24. Тој додаде дека се разговара со раководството на Грција. „Нашите главни соговорници се владините претставници. Тие ја креираат надворешната политика. Нивниот главен интерес, од тоа што го гледаме, е да има појасна дистинкција меѓу нашата Македонија и нивната Македонија. Нашиот главен интерес е да си го сочуваме идентитетот, бидејќи ние сме Македонци и ќе бидеме Македонци. Да имаме достоинствена дистинкција, тоа исто така е важно. Јас сум убеден дека со посветеност оваа мисија не е невозможна, иако е комплицирана, рече Димитров. Во однос на изјавата на македонскиот преговарач Васко Наумовски, рече дека бил изненаден и оти се работи за изјава која многу звучи како да е за домашни прилики.