Средба Ципрас Коѕијас за преговорите за името

грчкиот премиер Алексис Ципрас

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го информирал грчкиот премиер Алексис Ципрас за текот на разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот со името во Њујорк и за презентираните предлози од медијаторот Метју Нимиц. Веднаш по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Алексис Ципрас, од премиерската палата, според грчките медиуми, се упатил кон Атинската архиепископија на работна вечера со архиепископот Јеронимос. По разменетите писма во однос на прашањето за името и ставот на ГПЦ дека не прифаќа име со вклучен терминот Македонија, според грчките медиуми, се очекува, проблемот меѓу Македонија и Грција да биде главната тема на средбата Ципрас – Јеронимос.