Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со вчерашната изјава на македонскиот преговарач во спорот со Грција за името Васко Наумовски соопшти дека согласно узансите на дипломатијата, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв, велат од МНР за МИА.
Оттаму велат дека учеството во процесот за надминување на разликата за името меѓу Македонија и Грција, бара висок степен на професионалност и одговорност.
„Градењето мостови и отворањето врати кон европската и евроатлантската иднина на земјата бара трпение и посветеност“, додаваат од МНР.
До овој момент во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се уште немаме добиено целосен извештај од вчерашната средба во Њујорк, наведуваат од МНР.